Шкупи го претстави новиот спортски директор

852

Екипата на Шкупи во новата сезона ќе има и нов спортски директор. Оваа функција во тимот од Чаир ќе му припадне на Бекир Ердем, кој беше и официјално промовиран.

Станува збор за некој што се поклопува со амбициите на тимот, но и кој има искуство во труските клубови.

„Со големо задоволство го поздравуваме Бекир Ердем како нов спортски директор на ФК Шкупи!

Со искуство во врвни турски клубови како Фенербахче и Кајзериспор, тој носи вредно знаење и лидерство во нашиот проект.

Добредојде во нашето семејство, Бекир“, се вели во известувањето на Шкупи. 

ПретходноПоранешен играч на Интер ја засилува Црвена Звезда
СледноТалентираната пливачка од Босна заврши во болница – нема да оди на СП