КК Кожув потпиша со тројца нови кошаркари!

134

КК Кожув и тоа како ова лето е активен на трансфер – пазарот. Раководството на овој клуб успеа во своите редови да донесе три нови имиња и со тоа осетно да го засили тимот.

Тоа се досегашниот капитен на Вардар, Хусеин Бајрам, потоа странцте Девон Хингс и Арсение Вучковиќ.

Хингс е американски плејмејкер кој во минатите сезони играше во „Џи -лигата а има играно и за екипите на Колеџ Парк Скајхоукс, Мотор Сити Круз и Гринзборо Сворм.

Вучковиќ е крило кој минатата сезона настапуваше во шампионатот на Унгарија, но треба да се каже дека пред неколку сезони веќе има играно во Македонија, и тоа во тимот на Гостивар.

ПретходноТрансфери: Наполи и Галата се договорија за Осимен, Челзи го посакува Симонс, Санчо конечно потпишува за Јуве!
СледноСвечено отворени Игрите ЕМОФ 2025 Скопје: Македонија е центарот на младинскиот спорт во Европа! (ФОТО)