Натпреварот Шкендија – ФЦСБ ќе биде пренесуван на МТВ!

350

Како што беше случај на двата меча од 1.квалификациско коло во ЛШ со ТНС, така ќе биде и за мечот Шкендија – ФЦСБ во вторник. Имено мечот од 2.квалификациско коло во најквалитетното натпреварување во Европа, меѓу Шкендија и ФЦСБ ќе биде пренесуван во живо од страна на МТВ или Националниот сервис.

Секако дека ова е убава вест за фановите на фудбалот во Македонија, посебно за тие што не ќе можат да дојдат на Арената “Тодор Проески“ да ги проследат настаните преку своите ТВ.

Колку за потсетување мечот се игра утре со почеток од 20 часот, а реваншот е закажан за во среда (30 јули) во Букурешт со почеток од 19:30 часот.

Претходно„Бомба“ на повидок: Барса тргна по играч на Реал Мадрид
СледноУЕФА го скрати списокот: Ова се можните ривали на Вардар и Шкендија во 3.коло во ЛК, ЛШ и ЛЕ!