Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија, утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра својот прв натпревар од второто коло од квалификациите за Лигата на Шампионите против екипата на ФЦСБ.
Романците гледано од секој агол се фаворити, но нашиот шампион далеку од тоа дека има намера да влезе во овој дуел демотивирано и со преголема доза на респект кон ривалот. На терен се дознава кој е подобриот што се вели.
„Нас воопшто не не интересира што се случува во таборот на противникот. Се она што се пишува можеби е точно но можеби и е и само новинарски спин. Не е ниту важно. Нас треба да не интересира нашиот тим, нашата игра. Имаме супер атмосфера скот овој изминат период, и таа ќе ни помогне да одиграме како што посакуваме против ФЦСБ утре“ – вели Клисман Цаке на официјалната прес конференција денеска пред утрешниот дуел.