Бобан Николов: Иако Шкендија е тим од Македонија, јас ќе навивам за мојот поранешен клуб!

1857
Фото: Gsp.ro

Вчера на тренингот на ФЦСБ на стадионот на ФФМ во Скопје, како што пренесува ГСП.РО, во пресрет на вечерашниот меч со Шкендија во рамките на 2.квалификациско коло во ЛШ, интересна средба. Бобан Николов во посета на своите на своите пријатели и некогашни соиграчи. Колку за потсетување, Николов беше дел од романскиот шампион во сезоната 2022/2023.

Секако дека посетата на Николов предизвика големо внимание и кај романските медиуми, тој и тоа како е познат во фудбалските кругови во таа земја. Рече дека навистина се радува што ете неговиот поранешен клуб е во Скопје, се виде и со Михаи Стоица, еден од раководните луѓе на клубот.

ФОТО: GSP.RO

Иако е Македонец, Николов за ГСП.РО, даде интересна изјава

Убаво е повторно да ги видам, навистина сум среќен. Играв со некои од нив и останавме пријатели, на крајот на краиштата тоа е најважното нешто.Навистина ми е мило што дојдоа тука и што се сретнавме повторно, им посакувам успех и се надевам дека ќе победат. Велам дека ќе победат. Иако Шкендија е тим од Македонија, искрено, навивам за мојот поранешен тим. Ќе дојдам на натпреварот и ќе ги бодрам“посочи играчот за врска и додаде:

Шкендија е добар тим, но Стеауа ( без ФЦСБ ) има многу повисок квалитет. Ако играат како минатата година или барем како на натпреварот со Петролул, ќе продолжат понатаму. Искрено, не ја гледам баш Шкендија. Јас сум со Вардар

Николов по заминувањето од Борац Бања Лука е без ангажман, а како што е познато тој досега има играно и за Кишварда, Шериф, Лече, Видеотон, Вардар, Виторул, Академија на Хаџи, Брегалница, секако и за селекцијата на Македонија.

ПретходноЕМОФ Скопје 2025: Светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво
СледноДонарума со изненадувачки трансфер?