Ненад Димитријевиќ потпиша за Зенит

241

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е нов член на Зенит. Најдобриот кошаркар потпиша двегодишен договор вреден 1,5 милиони евра по сезона.

Тој во редовите на рускиот тим доаѓа од Олимпија Милано која не го испочитува договор со нашиот кошаркар и му плати отштета од половина милион евра.

На Нено рускиот шампионат му е добро познат, тој имаше неверојатна сезона и пол во дресот на Уника Казан, каде освои шампионската титула и двапати беше прогласен за МВП.

Нено одлична ја почна сезоната во Олимпија, но Месина одлучи да не го користи иако и таму се закити се признание за најкорисен играч на Супер-Купот.

ПретходноТони Крос: Искрено, никогаш не сум бил навивач на Реал Мадрид!
СледноИвановски: Вардар го спасува македонскиот клупски рејтинг!