Овие денови на трибините на СРЦ „Кале“ може да се видат бројни познати ракометни имиња. Еден од нив е Стојанче Стоилов, кој редовно ги следи речиси сите натпревари.
Столе овој пат беше во друштво на сега веќе екс-тренерот на Вардар 1961, Гиљермо Милано, кој е во Скопје, како и двајца членови на „црвено-црните“ Пинто и Еспиња. Тие заедно го следеа дуелот меѓу Македонија и Португалија во битката за пласман од 5 до 8 место на ЕМОФ, кој денеска и официјално завршува. Победата на оваа средба им припадна Португалците кои славеа со минимални 30-31.
Гиљермо и Стоилов минатата сезона заедно соработуваа, и двајцата веќе не се членови на Вардар. Аргентинецот беше отпуштен по поразот на Вардар од Пелистер во битката за титулата, додека Столе одлучи да си замине од клубот за кого даде се по одлуката на раководството да го донесе Иван Чупиќ на главното тренерско место.