Уште едно интернационално засилување за тимот на Македонија ЃП ова лето. Се работи за колумбискиот бек Хозе Кабаркас, кој што веќе се приклучи на екипата на подготовките во Охрид.
Се работи за играч кому ова му е прво искуство надвор од шампионатот на Колумбија, а досега играч за екипите на Кали и Квиндио.
Според информациите, Кабаркас веќе остава и повеќе од солиден впечаток меѓу соиграчите, и се очекува тој да биде вистинско освежување за следната сезона во екипата.