Чуквума Абакуезе е новото засилување на Тиквеш (ВИДЕО)

1115

Искусниот, 35. годишен некогашен репрезентативец на Нигерија, играчот за врска Чуквума Абакуезе ќе биде најновото засилување за тимот на Тиквеш. Спортспорт дознава дека, искусниот фудбалер кој последно играше во Турција за екипата на Санлиурфаспор, заедно со нашиот Стефан Ашковски ќе пристигне во Кавадарци на стартот на следната недела, и ќе и се приклучи на четата на Ѓорѓи Мојсов.

Абакуезе дел од својата кариера ја минал и во екипи како Генџербирлиги, Умранијеспор, Болуспор, а бил и на Кипар. Има авантура и во Кина, во тимот на Вухан.

Европската авантура пак ја започнува во сезоната 2011 година кога доаѓа во Норвешка и потпишува за тимот на ОДД Гренланд, за да потоа игра и за тимот на Бран Берген.

Вреди да се напомене дека Чуквума Абакуезе има осум настапи и пет гола за У20 репрезентацијата на Нигерија до 20 години и два настапи и еден гол за А репрезентацијата на оваа земја.

ПретходноФК Скопје посилен за Атанасијевски, Горгиовски и Подграџа
СледноПауновиќ: “Немаме резултатски притисок, но имаме одговорност кон дресот кој го носиме“