Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Петар Николоски, во иднина ќе настапува за тимот на Бутел Скопје.
Николоски, кој потекнува од Охрид и има само 16 години, а му се предвидува одлична ракометна иднина, потпиша на три сезони со клубот кој и следната сезона ќе настапува во нашата ракометна Суперлига.
Бутел Скопје ја продолжува својата мисија, да промовира млади македонски ракометари и да им дава шанса да ги покажат своите квалитети.