Столе Димитриевски со повреда на рамото!

222
ФОТО: FC Valensia/FB

Повреда во најнезгоден момент за нашиот најдобар голман Столе Димитриевски. Имено како што известуваат од неговиот клуб Валенсија, станва збор за левото рамо.

Велиме незгоден момент ако се знае дека тој беше пред заминување од “Местаља“, сега некои работи се комплицираат.

Голманот на Валенсија, Столе Димитриевски, претрпе повреда на левото рамо. Репрезентативниот голман ќе продолжи со медицински третман, физиотерапија и закрепнување додека не може повторно да се приклучи на групата“ се вели во штурото соопштение на Валенсија.

Да се надеваме дека не станува збор за некоја посериозна повреда која би го оневозможила на подолго време да биде надвор од терените.

ПретходноФурние повторно лут: Како го поднесувате ова секое лето?
СледноПотврда и од ФФМ: Беса се повлекува од ВМФЛ!