Предмалку со официјална церемонија на која присуствуваа македонските фудбалски легенди, а во моментов и високи функционери на Фудбалската Федерација на Македонија, Горан Пандев, и Агим Ибраими, беше одржана официјалната ждрепка за претстојниот ПМФЛ шампионат, есенска полусезона.
Во првото коло дербито е во Скопје, каде што ќе се сретнат екипите на Вардар и Пелистер. Второто дерби е во Тетово, каде што Шкендија ќе го пречека тимот на Шкупи.
Дербито помеѓу Шкендија и Вардар ќе се игра во десеттото коло.
Прво коло: Тиквеш – Работнички Струга ТЛ – Македонија ЃП Шкендија – Шкупи Силекс – Брера Башкими – Арсими Вардар – Пелистер