Маркоски: Септември ќе биде полн со предизвици за Алкалоид

66
фото: rkalkaloid.mk

Никола Маркоски сезонава ќе биде најискусниот ракометар во РК Алкалоид, а неговото искуство и знаењето како да ја држи во строј одбранбената линија и да ги изнудува и казнува грешките на противниците во голема мерка ја обликува и играта на екипата.

„Веќе неколку години сме заедно во клубот и ги знаеме принципите по кои се работи и по кои се реализираат подготовките. Сезонава не повторивме грешки од минатото и сите ракометари ја одржуваа формата и за време на одморите, па на подготовките дојдовме спремни за процесот што ни следи. Овој дел е многу важен за подоцна да можат да се издржат и одработат другите фази, вклучително и натпреварите што ќе ни следат. По Маврово, ќе почнеме со следната етапа, а во неа се предвидени и контролни натпревари. Условите во Маврово се одлични, не сме прв пат овде, позната ни е средината. Екипата добро ги поднесува подготовките, амбиентот е одличен и верувам спремни ќе бидеме за предизвиците што не чекаат, првенствено во септември. Тогаш ќе играме пет важни натпревари што ќе ја обликуваат целата сезона“, изјави Никола Маркоски.

ПретходноОфицијално: Анте Ребиќ е нов фудбалер на Хајдук
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2 АВГУСТ ЌЕ НАВИВА ЗА МАКЕДОНИЈА