Новиот прволигаш доведе уште едно странско засилување

54
фото: OK Pelister Volej (Facebook)

Новиот одбојкарски прволигаш во женска конкуренција, пелистер Волеј доведе уште едно странско засилување во очекување на новата сезона. Битолчанки со големи амбиции го чекаат дебито во елитата, а за таа цел донесоа неколку супер-квалитетни имиња. Последното во редот е Белорусинката Алина Жевлакова.

Станува збор за одбојкарка која настапува на позицијата техничар и досега играше за локалниот клуб Мозир. Претходно Жевлакова беше интернационалка во Албанија каде го носеше дресот на Поградец.

Белорусинката е четврто засилување за Пелистер Волеј во очекување на новата сезона.

ПретходноИсториски успех: ЖФК Љуботен го декласира Пјуник и се пласира во следната квалификациска фаза во женската ЛШ!
СледноОфицијално: Лука Дончиќ потпиша нов тригодишен договор со Лејкерс