Дончиќ вчера потпиша договор вреден 165 милиони долари и веднаш донираше 5 милиони!

509

Лука Дончиќ вчера го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс, за кој се очекува да игра уште три години. Познатата НБА франшиза го врза со договор вреден 165 милиони долари, а одличниот словенечки кошаркар го потврди продолжувањето на лојалноста на социјалните мрежи, а веднаш потоа, воодушеви со гест.

Продолжувањето на договорот значи дека Дончиќ ќе има опција дали во летото 2028 година ќе остане, доколку се одлучи на петгодишен договор истиот ќе значи заработка од 417 милиони долари.

„Тукушто потпишав нов договор со Лејкерси. Возбуден сум што ќе продолжам да работам на освојување на шампионска титула во Лос Анџелес и да ги направам навивачите горди. Благодарен сум на Лејкерси, на моите соиграчи и на сите навивачи кои покажаа толку многу љубов од првиот ден. Ова е само почеток“, напиша Дончиќ на X, а потоа брзо додаде:

„Денес донирам и 5 милиони долари за да им помогнам на 77 млади спортисти ширум светот да ги остварат своите соништа, исто како што направив и јас. Кошарката ми даде сè и имам среќа што можам да возвратам и да им помогнам на следната генерација.“

Целта на иницијативата на Дончиќ е да обезбеди финансиска и менторска поддршка на спортски таленти од целиот свет преку неговата фондација. 77 од нив ќе ја добијат, што одговара на бројот на неговиот дрес.

ПретходноВерстапен крена раце: До крајот на сезоната тешко дека ќе победам на некоја трка
СледноМеси се повреди, но Интер Мајами победи важен натпревар на пенали (ВИДЕО)