Трајковски и Мајорка се враќаат во Ла Лига!

167

Александар Трајковски и Мајорка се вратија во Ла Лига. Вечерва во меч од 40. коло на Сегунда, екипата на Алмерија беше поразена на гостувањето кај Картахења со 3:2 со што и математички, Мајорка на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната успеа да се избори за пласман во шпанската елита.

Мајорка моментно е на 2. место на табелата со 8 бода предност пред Алмерија и меч помалку од конкурентот. Лидер е Еспањол кој исто така по кусиот престој во Сегунда се враќа во шпанската елитна конкуренција следната сезона.

ПретходноБрајтон со пресврт го совлада новиот англиски шампион (ВИДЕО)
СледноЦрвена Звезда поведе со 2-0 во финалето на АБА лигата