ПМФЛ 34.сезона: “Црвено – црна“ битка за титулата!

218

Од денеска почнува фудбалското “лудило“ во Македонија. Денеска стартува новата 2025/26 сезона или 34-та по ред.

И јасно е, пред секој старт се даваат прогнози, за тоа кој ќе биде шампион а кој ќе се бори за опстанок.

За битката за титулата има два клуба кои се изразити фаворити, тоа се Вардар и Шкендија.

Вардар ќе оди по својата 13 титула (12 во самостојна Македонија), а клубот од Тетово, кој е и актуелен шампион, ќе оди по својата шеста „ѕвездичка“. Тоа ќе биде голема борба во секој случај.

И двете екипи имаат одличен играчки кадар за наши услови, и двете екипи имаат одлични тренери.

Реално за очекување е дека Струга ТЛ ќе се обиде да искористи некој кикс на фаворитите, но останува да се види. Тука некаде се и Силекс и Тиквеш, и со тоа завршува списокот на клубови кои би можеле да се надеваат на битка за излез во Европа.

Сите останати ќе се борат за опстанок, барем такви се прогнозите а најзагрозен е Шкупи, се знае и зошто.

ВАРДАР Е НАЈТРОФЕЕН, ОД ШАМПИОНИТЕ ГИ НЕМА ПОБЕДА И РЕНОВА

Во изминатите 33 сезони Вардар освоил 11 трофеи и е прв на листата. Следува Шкендија со 5, па Работнички и Шкупи (Слога Ј) со по 4. Тука се Силекс со три пехари, па Струга ТЛ со две и Македонија ЃП со една. Од шампиониоте ги нема Победа со две и Ренова, која веќе не постои, со една.

Дебитант е Арсими, по долга пауза во елитата се врати Башкими, Македонија ЃП повторно е прволигаш, а само Работнички и Струга ТЛ немаат испаднато од ПМФЛ. Со нов спонзор е Тиквеш и има далеку поголем буџет, Пелистер има ново раководство и поголем буџет.

ВАР, ТВ ПРЕНОСИ…

За првпат во Македонија, во нашата елитна лига ќе има ВАР. Она што беше ветено од раководството на ФФМ, тоа е исполнето. Секако дека тоа е голем плус за развојот на фудбалот во нашата земја. Исто така за првпат низ директен пренос ќе можат да се проследат сите мечеви во ПМФЛ. Токму и затоа натпреварите во едно коло ќе се играат и во петок, како денеска, и во понеделник. И ова е добро за сите оние кои сакаат да гледаат мак – фудбал а не како порано кога во Скопје во исто време се играа и по три меча.

Да се надеваме дека оваа сезона ќе биде пресвртница во унапредувањето и развојот на мак – фудбалот, посебно во ПМФЛ.

ПретходноВо пресрет на вечерашното дерби: Билетарата на Арената е отворена!
СледноЈувентус сака трампа: Влаховиќ за Тонали!