Во пресрет на стартот на новата сезона, фудбалерите на Брера како и стручниот штаб и дел од раководството, денеска беа во посета на манстирот Св.Богородица Елеуса во Вељуса.
Целта беше да се запознаат со убавините на струмичкиот регион и дел од духовното богатство на Струмица.
При нивната посета на манастирот тие се интересираа за значењето на овој православен храм при што се помолија за здравје и среќа како на личен така и на клупски план.
Инаку Брера својот натпревар од 1.коло во новата сезона ќе го игра против Силекс на гости во понеделник.















