Вардар – Пелистер 4:1. Уф, каков фуриозен старт на нашиот најтрофеен клуб. Да се победи вечниот ривал со толкава разлика, а на крајот можеше да биде и поубедливо, секако дека не е мала работа.
Вардар со овој вечерашен настап покажа и докажа дека и тоа како тргнува по титулата.
Пелистер на моменти беше добар, имаше свои шанси, но Вардар вечерва го имаше во своите редови еден фантастичен Димитар Данев кој со два прекрасни голови го одбележа мечот.
На крај како што и доликува, вардарци оваа голема победа ја прославија заедно со своите навивачи.
Уште еднаш, одличен моќен Вардар, маестрален Данев за први три бода во новата сезона, прва победа во првиот меч.И тоа каква!
Пелистер ќе мора првите бодови да ги бара на друго место.