Со максимални 3:0, женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги заврши квалификациите за Еуроволеј 2026 на последното 4. место во групата „Ф“. Избраничките на селекторот Пауновиќ, денеска во Хартберг на гостувањето против Австрија одиграа одлични два сета, но не успеаја да дојдат до барем еден освоен сет во дуелот со фаворитот.
АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25-19, 25-23, 25-10)
Во првиот и вториот сет нашите репрезентативки покажаа дека можат да и парираат и на една вака силна репрезентација, но во третиот сет паднаа во ритамот и дозволија противничките брзо да го решат мечот во своја полза.
Тамара Стојанова со 13 поени беше лидер во нашиот состав, додека Терзиевска реализираше 10 поени.