Кристал Палас ја изгуби жалбата пред Арбитражниот суд за спорт (CAS) и ќе мора да игра во Конференциската лига во новата сезона, објави Ројтерс. Причината за исфрлањето на лондончани од Лигата на Европа е нивното заедничко сопствеништво со Олимпик Лион, кој ќе игра во ова натпреварување.
Мнозински акционер на Кристал Палас и Лион до неодамна беше инвестициската компанија „Игл Фудбал Груп“, водена од Џон Текстер. Тој го продаде францускиот клуб на ко-сопственикот на „Њујорк Џетс“, Вуди Џонсон, а Кристал Палас веднаш поднесе жалба, но безуспешно.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја донесе одлуката врз основа на пласманот на двата тима во домашните лиги. Палас беше 12-ти во Премиер лигата и се квалификуваше за Лигата на Европа со трофејот од ФА Купот, додека Лион беше шести во Лига 1.