Шпанската федерација дозволи меч од Ла Лига да се игра во САД, сега на потег е УЕФА

71

Управниот одбор на Шпанската фудбалска федерација на состанокот одржан денеска, одобри мечот меѓу Виљареал и Барселона закажан на 20 декември оваа година, да се одигра на стадионот „Хард Рок“ во Мајами. Сепак, од Шпанската федерација велат дека конечната одлука ќе ја донесе УЕФА.

Според правилникот за меѓународни натпревари на ФИФА и УЕФА, европското фудбалско тело ќе има време да одлучи дали ќе дозволи еден меч од национално првенство да се игра во друга земја. Крајниот рок за одговор од УЕФА е 29 ноември, 21 ден пред натпреварот.

ПретходноМладиот Алији е ново име во составот на Струга ТЛ
СледноСимиќ: Само со вистински пристап можеме до успех во Орадеа