Мега и Игокеа во новата сезона ќе играат и во руската ВТБ лига?

89

Кошаркарските клубови Мега од Србија и Игокеа од Босна и Херцеговина би можеле следната сезона, покрај тоа што ќе играат во АБА лигата, да играат и во ВТБ лигата, која ги обединува екипите од Источна Европа и Русија.

Според престижниот руски весник „Спорт-Експрес“, ВТБ лигата планира да вклучи два странски клуба од сезоната 2025/26, а Мега и Игокеа се споменуваат како главни кандидати.

Новата сезона на ова регионално натпреварување треба да трае од октомври 2025 до март 2026 година, а форматот на натпреварувањето предвидува осум клуба, поделени во две групи од по четири екипи. Секој тим ќе одигра шест натпревари во групната фаза, а двата најдобри тима од секоја група ќе се квалификуваат за завршниот турнир во форматот на Фајнал Фор.

Шест руски клуба ќе учествуваат во натпреварувањето, а засега се уште се тактизира со клубовите од страна.

ПретходноТотенхем подготвува две трансфер „бомби“ вредни 150 милиони фунти
СледноЛОТО – ИГРА НА СРЕЌА СО СЕМЕЈНА ТРАДИЦИЈА: Ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж