Денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ стартува 53. издание на Меѓународниот струшки турнир на кој ќе учествуваат шест екипи – четири македонски и две странски.
Првиот ден ќе го отворат Струга – Охрид (18:30 часот), додека на втората средба силите ќе ги одмерат Бутел Скопје и Раднички. Бранител на пехарот е Пелистер, но оваа година нема да биде дел од овој турнир.
Во продолжение може да го погледнете целосниот распоред.