Фудбалскиот клуб Арсими ќе го одигра својот прв домашен натпревар во Прва МФЛ против поранешниот шампион Струга Трим Лум. Петочниот дуел на стадионот во Гостивар ќе биде вистински фудбалски празник за навивачите на Арсими, кои со нетрпение го очекуваат првиот настап на својот тим пред домашната публика во најдобрата конкуренција.
Во таборот на Арсими владее оптимизам и верба дека со добра тактика, максимална борбеност и поддршка од трибините може да се дојде до позитивен резултат, па дури и до прва победа лигата.
Арѓент Гафури, еден од клучните фудбалери на Арсими, со голема мотивација го најавува дуелот:
„Струга е силен и квалитетен противник со големо искуство, но ние направивме детална анализа и знаеме каде можеме да ги изненадиме. Очекувам тежок дуел од првата до последната минута, но верувам во мојот тим и во поддршката од нашите навивачи.“
Гафури потенцира дека иако имаат почит кон противникот, на терен ќе излезат со една јасна цел, да издвојуваат победа.
„Секој фудбалер е свесен колку е важен овој натпревар и ќе дадеме максимум за да стигнеме до трите бода“, додаде тој.
Натпреварот Арсими – Струга Трим Лум е закажан за петок, со почеток од 17:00 часот на стадионот во Гостивар.