Италијански медиуми: Наполи прави конкретни чекори за враќање на Елмас!

153
ФОТО: SSC Napoli/FB

Она што завчера беше само како штура информација или шпекулација, денеска веќе не е така. Како што пренесуваат медиумите во Италија, актуелниот шампион и дефинитивно тргнува по Елиф Елмас. Уште повеќе, Наполи направил веќе конкретни чекори за враќање на Дијамантот, имено почнати се веќе преговорите со Лајпциг.

Се нагласува дека Наполи и натаму бара квалитет на таа лева страна, и дека тренерот Антонио Конте дал “виза“ за ангажман на Македонецот под Везув.

Сега се зависи од тоа како ќе се испреговара овој можен трансфер ако се знае дека Лајпциг по секоја цена бара класичен трансфер, а Наполи едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Најважно е тоа што Елмас и тоа како бил заинтересиран повторно да го облече дресот на Наполи и да се врати во Неапол каде што беше од јули 2019 до декември 2023 година.

ПретходноМТЕЛ ја продолжува поддршката за македонската кошарка – уште една година како генерален спонзор на Суперлига мажи!
СледноПо заминувањето на Грилиш: Сити има нова “десетка“!(ВИДЕО)