Ракометарите на Бутел ќе играат во финалето на 53. издание на Струшкиот турнир. Вечерва во одлучувачкиот меч од групата, Бутел Скопје го победи Тиквеш со 31-30 и како прв на табелата со четири бода ќе им се спротивстави на охриѓани во финалниот меч.
Финалето меѓу Охрид и Бутел Скопје се игра утре од 20:45 часот, а битката за третото место меѓу Тиквеш и Бурса е од 18:45 часот.
Бурса го освои второто место во втората група, откако денеска со 37:28 славеше над Струга.