Фрајбург го отвори новиот стадион со капацитет од 36 илјади места

151

Фрајбург може да се смета за едно од најголемите изненадувања во досегашниот тек од сезоната во Бундеслигата. Тие одиграа нерешено со Арминија, и ги победија Борусија Дортмунд и Штутгарт, и со седум бодови се во горниот дел на табелата засега.

Фрајбург сега ќе има мотив повеќе за добри резултати, со оглед дека денеска управата информираше за новиот стадион кој е готов и кој може да биде пуштен во употреба официјално за два месеци, на мечот со Лајпциг.

Новиот стадион ќе го носи името „Еуропа Парк“ и се наоѓа веднаш до аеродромот. Неговата изградба чинеше 76 милиони евра, а е со капацитет од 35.000 гледачи.

Градењето почна во ноември 2018 година, и требаше да биде готов лани. Меѓутоа поради пандемијата, неговото отворање се одложи.

ПретходноСпировски раскина со АЕК Ларнака
СледноЧелзи во самиот финиш донесе големо засилување од Атлетико