ФК Пелистер ќе продава специјален дрес!(ФОТО)

87
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

По повод 80 години постоење на ФК Пелистер и 40 години од основањето на навивачката група “Чкембари“, раководството на битолска фудбалска гордост најави дека е изработен специјален дрес кој ќе може да се купи од вторник (19.08.2025) од 17 до 20 часот, на главниот влез на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола.

Еве што велат од ФК Пелистер за новиот, специјален дрес:

Почитувани навивачи, симпатизери, поддржувачи на ФК Пелистер, со голема чест и задоволство ве информираме дека од вторник 19.08, ОФИЦИЈАЛНО ќе можете да купете оргинален дрес од нашиот клуб.

Историјата е испишана – сега е достапна за сите!

По повод 80 години постоење на ФК Пелистер и 40 години верност на навивачката група Чкембари, ви го претставуваме историскиот јубилеен дрес – симбол на љубов, традиција и гордост на Битола.

Овој дрес не е само спортска опрема – тој е дел од нашата историја, нашата битка и нашата чест.

ПретходноАлкалоид убедлив против Дубочица!
СледноАстон Вила и Њукасл одиграа без голови!