Христијан Драгарски повторно ќе го носи дресот на својот матичен клуб Пелистер. Овој фудбалер настапуваше во минатата сезона во Теута, а сега се реши одново да се врати во Битола.
Драгарски ќе биде големо засилување за одбраната на битолчани, кои имаат само еден бод од првите три кола, и тоа освоен во саботата со Шкендија.
Драгарски покрај Пелистер, во минатото играше за Победа, Струга, Теута, Радник, Конкордија.