Барди: Ние сме како фамилија, и сите сме важни

159

Играчот од средниот ред на националниот тим Енис Барди, вели дека селекцијата и покрај промената на селектор, ќе игра исто и дека ќе го покаже целиот квалитет. Тој вели дека репрезентацијата е како една фамилија, и дека секој член е важен.

„Чест ми е што сум дел од оваа селекција. Секогаш имаме повик за националниот тим, со нетрпение чекаме да дојдеме тука. Доста години сме заедно, заедно со селекторот. Се знаеме многу добро. Мислам дека клучните играчи сме сите. Ова е едно семејство во кое сите сме важни. Се што е поминато, е минато, сега треба да гледаме напред“, рече Барди. 

Играчот на Леванте смета дека Ерменија е добра селекција која со овој селектор игра добар фудбал, но и дека ако одиграат како што знаат, добриот резултат нема да изостане.

„Ерменија има многу добра селекција, со овој селектор променија доста работи, но ние ќе се фокусираме на нашата работа, и ние што треба да покажеме и да дадеме се од себе. Секој меч е многу важен. Го знаеме нашиот квалитет, знаеме што можеме само треба да дадеме максимум на терен“, изјави Барди. 

ПретходноКелце и Барселона ќе играат пред 60.000 гледачи,ќе се урива светскиот рекорд!
СледноСпировски раскина со АЕК Ларнака