Спировски раскина со АЕК Ларнака

403

Репрезентативецот Стефан Спировски, не е повеќе дел од АЕК Ларнака. Двете страни се договориле за прекин на соработката, и Спировски ќе треба да бара нова средина.

Раскинот го објави неговиот клуб, а Спировски се наоѓа со националниот тим на подготовки за дуелите со Ерменија, Исланд и Романија.

Спировски дојде во АЕК Ларнака од тимот на Хапоел Тел Авив, а претходно беше дел од Ференцварош. Играше и за Вардар, Пелистер, Работнички, Берое и Борец Чачак.

ПретходноБарди: Ние сме како фамилија, и сите сме важни
СледноФрајбург го отвори новиот стадион со капацитет од 36 илјади места