Македонија го пополни последното место: Познати сите учесници на Евроволеј 2026

105

Со вчерашниот триумф на Македонија над Грузија и официјално се комплетираше списокот на учесници на следното издание на европското одбојкарско првенство во 2026 година. Македонија практичнос тана последниот 24-ти учесник на шампионатот, откако претходно беа комплетирани останатите 23 слободни места.

На Евроволеј 2026 следната година директен пласман обезбедија четирите селекции на организаторите на првенството:
ФИНСКА 🇫🇮

БУГАРИЈА 🇧🇬

РОМАНИЈА 🇷🇴

ИТАЛИЈА 🇮🇹

Покрај нив, директен пласман на следното ЕП обезбедија и осумте најдобропласирани селекции од последниот континентален собир во 2023 година, чиј ко-домаќин беше и Македонија. Од овој шампионат следната година на Евроволеј пласман обезбедија:

ПОЛСКА 🇵🇱

СЛОВЕНИЈА 🇸🇮

ФРАНЦИЈА 🇫🇷

ХОЛАНДИЈА 🇳🇱

СРБИЈА 🇷🇸

УКРАИНА 🇺🇦

ГЕРМАНИЈА 🇩🇪

ПОРТУГАЛИЈА 🇵🇹

Низ квалификациите пласман на ЕП 2026 обезбедија победниците во секоја од групите:

ДАНСКА 🇩🇰

БЕЛГИЈА 🇧🇪

ЧЕШКА 🇨🇿

ЕСТОНИЈА 🇪🇪

ШВАЈЦАРИЈА 🇨🇭

ГРЦИЈА 🇬🇷

СЛОВАЧКА 🇸🇰

Како и петте најдобровторопласирани селекции во квалификациите:

ЛЕТОНИЈА 🇱🇻

ТУРЦИЈА 🇹🇷

ИЗРАЕЛ 🇮🇱

ШВЕДСКА 🇸🇪

МАКЕДОНИЈА 🇲🇰

Европското првенство во 2026 година ќе се одржи од 9 до 27 септември.

ПретходноПМФЛ 2.коло (денеска): Брера на мегдан со Пелистер!
СледноЗаминувањето во Ливерпул се поблиску: Гуехи не сакаше да се ракува со Гласнер (ВИДЕО)