Полувреме: Многу борба во Струмица, ама без голови!

78
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

Заврши првото полувреме од последниот меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ, кој се игра во Струмица меѓу Брера и Пелистер и тоа со резултат 0:0.

Многу борба, многу тактика од двете страни во првата фаза од првиот дел кога домашните беа нешто подобри. Макиќ еднаш се закани, Ндзенгуе постигна гол но претходно играше со рака и истиот беше поништен.

Во втората фаза од полувремето гостите од Битола ја презедоа иницијативата, а во 24.минута Ивановски и Стојановски во ист напад имаа супер шанси за гол. Во 36.минута и Булатовиќ имаше изгледна шанса, но сепак за малку беше непрецизен кон голот на домашните.

ПретходноАлкалоид со трета победа на подготовките
СледноПрипадник на „Торцида“ го нападна и плукна Ентони Калик (ВИДЕО)