КФМ со повик до фановите: Да навиваме за Македонија!

58
ФОТО: KFSM.MK

Во среда (20 август) нашата кошаркарска селекција ќе го одигра својот последен меч од претквалификациите за СП 2027. Ни гостува Унгарија а мечот се игра во СРЦ Кале со почеток од 19 часот.

Во пресрет на овој натпревар, КФМ со повик до фановите да дојдат и да навиваат за Македонија:

До сите љубители на спортот и верните навивачи да дадат поддршка на нашиот национален „А“ тим на претстојниот натпревар.

Македонската Кошаркарска федерација ги повикува сите љубители на спортот и верните навивачи да дадат поддршка на нашиот национален „А“ тим на претстојниот натпревар:

– 20.август 2025 година во 19 часот ;

– Скопје, Спортско рекреативен центар „Кале“ ;

– противник, репрезентацијата на Унгарија ;

Нашите репрезентативци со гордост ја претставуваат државата и ја носат одговорноста да се борат за нови успеси.

Поддршката од трибините секогаш била нашата најголема сила и мотив, па затоа веруваме дека и овој пат заедно ќе создадеме атмосфера на коректно навивање, достојна за големи спортски семејства.

Ве повикуваме да бидете дел од овој настан, и со вашето присуство да им дадете дополнителна енергија на нашите играчи. Заедно да отпочнеме да ја испишуваме следната страница во историјата на македонската кошарка.

Со почит,

МАКЕДОНСКА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА

ПретходноМарјан Илиевски: “Ќе стојам зад овие играчи, се додека го даваат максимумот и го почитуваат стручниот штаб“!
СледноТренерот си “плати“ за солзите на Нејмар! (ВИДЕО)