Вардар 1961 по голема драма и со пораз завери фајнл-фор во СЕХА

306

Вардар 1961 го завери своето десетто учество на фајнл-фор завршниците во СЕХА-лига. Македонскиот првак на гостувањето кај ППД Загреб по голема драма славеше со 25-22 во рамките на вториот четвртфинален натпревар. Домаќин на Ф4 ќе биде Задар, битката за титулата е закажана за овој викенд, а за првпат после девет години учество нема да земат „плинарите“.

Во Загреб беше вистинска драма во самиот финиш, која на голема среќа заврши со среќен крај за „црвено-црните“. Томовски имаше 12 одбрани, Дибиров пет гола, еден помалку запиша Тото.

Очекувано, хрватскиот тим притисна уште во првото полувреме. Вардар на голот го имаше расположениот Мартин Томовски, кој запиша девет одбрани во овој дел (една од седум метри), благодарение на него, противникот не успеа да ја надокнади негативата од четири гола. Македонскиот првак поведе со 1-3, на другата страна ППД Загреб се врати брзо (4-3). Најголемата предност која домаќинот ја имаше беше три гола (10-7, 11-8 и 12-9). Во еден момент Вардар цели 9. минути беше без постигнат гол.

Во вториот дел исто се водеше жестока битка. Со три гола во низа, „црвено-црните“ го вратија водството по повеќе од 15. минути (12-14). Истата предност, Вардар ја имаше и во 47. минута (17-19), Томовски одново проработе на голот.

ППД Загреб на четири минути до крајот успеа да дојде до минимални 23-21, избраниците на Веселин Вујовиќ одново влегоа во поентерска криза, немаа постигнато гол цели шест минути, доволна причина за тајм-аут. Хрватскиот тим реализираше за 24-21 и голема драма, во која Тото направи пенал, а противникот реализираше за 25-21. Тото конечно го најде патот до мрежата за 25-22 и голема радост во редовите на Вардар.

Вардар 1961 ќе има доволно време за одмор, но и за поправање на многу детали во играта до стартот на Ф4.

ПретходноКК Гостивар: Костоски доби раскин поради семејни причини, останува да видиме дали сето ова е смислено сценарио
СледноГОТОВО Е: Антоан Гризман се врати во Атлетико Мадрид