Ди Мариа одбра пет најважни аргентински фудбалери во историјата!

132
ФОТО: Twitter

Анхел Ди Мариа секако дека важи за еден од најдобрите аргентински фудбалери во изминатите две децении. Офанзивецот не е веќе дел од селекцијата на светскиот првак, но затоа секако дека е повикан да си каже кои петтмина играчи се најважни во историјата на Аргентина.

Неговиот одговор беше дека тоа се Лео Меси, Диего Марадона, Марио Кмепес, Даниел Пасарела и Родриго Де Пол.

Името на последниот секако дека беше по малку изненадувачки, ама Ди Мариа си има свое објаснување:
“Според мене Де Пол е еден од клучните фактори на целиот овој проект во репрезентацијата во последните години, како и нејзините успеси. Тој не е мотор само на теренот, туку и надвор од него. Тој ја прави таа позитивна атмосфера, тој е капитен и без капитенската лента“ посочи Ди Мариа.

За тоа дали Меси треба да игра на СП?

Да, апсолутно. Меси мора да игра на СП без разлика во каква состојба е. Неговото присуство е премногу значајно, како што беше на Марадона некогаш. И дефинитивно Лео и Диего не се од оваа планета“.

ПретходноВо пресрет на двомечот со Лудогорец: Ќе биде ли четврта среќа за Шкендија во плеј – офот во Лигата на Европа!
СледноГаштаров: Горд сум што сум член на Ц.Звезда, знам како минуваат македонците на „Маракана“