Вечерва од 21 часот на велелепниот „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид ја стартува новата 2025/26 сезона во Ла Лига.
Ривал на “кралевите“ во 1.коло е Осасуна, тим кој што, ако биде се како што треба, не ни требало да претставува проблем за “новиот“ Реал Мадрид предводен од Чаби Алонсо.
И веднаш се поставува прашањето што може овој Реал на Алонсо?
Сите прогнози велат дека Барселона и натаму е фаворит за титулата, но дека “кралевите“ не смее никој да ги отпише зошто се подмладени, “гладни“ за успех и мотивирани одново да седнат на престолот во Шпанија.
Ќе го нема Лука Модриќ после еден деценија и повеќе, одамна го нема Карло Анчелоти. На СКП клубот од Мадрид и не беше така лош, стигна до полуфиналето, но од Чаби Алонсо нема да има време. Под итно мора да ги врати титулите во Ла Лига или во Лигата на Шампионите, или најмалку една од нив.
Се друго ќе биде рамно на нова катастрофа за најголемиот клуб во светот.