Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски го напушта Ростов и во новата сезона ќе игра за полскиот Горњик Забже во најсилната полска лига. Тошевски оди на позајмица во полскиот клуб со оглед на тоа дека во Ростов добиваше мала минутажа, па сега ќе има можност да се докаже во друга средина.
Инаку во Горњик од пред неколку месеци игра некогашниот германски репрезентативец Лукас Подолски.
Горњик лошо тргна во новата сезона во полската Екстракласа затоа што по 5. кола се наоѓа на 15-тото место на табелата од 18 екипи. Има две победи и три порази.