ГОТОВО Е: Антоан Гризман се врати во Атлетико Мадрид

1798

Францускиот напаѓач Антоан Гризман ја напушти Барселона и се врати во Атлетико Мадрид, клубот во кој играше пред да отиде на „Ноу Камп“. Трансферот се крчкаше цел ден и сега се е договорено, пренесува француски „Екип“ како и голем дел од француските и шпанските медиуми.

Гризман оди како позајмен на една сезона во Атлетико со тоа што „Јорганџиите“ имаат право по истекот на позајмицата да го откупат неговиот договор.

Зделката изгледа вака, Атлетико ќе плати 10 милиони евра за позајмицата и уште 40 милиони евра за откуп на договорот. Тоа е многу помалку од 120-те милиони евра што ги плати Барса за да го донесе Гризман на „Ноу Камп“.

Барса како негова замена ќе се потруди да го донесе Лук де Јонг од Севиља. Ќе видиме дали ќе успее…

ПретходноВардар 1961 по голема драма и со пораз завери фајнл-фор во СЕХА
СледноНИКОЈ КАКО ВАРДАР: Во Загреб е испишана нова историја во СЕХА-лига