Женската кадетска селекција на Македонија беше поразена од Грција со 47:76 во првиот меч од ЕП Б-двицијата, кое се одржува во Истанбул.
Очекуван пораз ако се знае квалитетот на нашиот денешен противник.
Кадетките одиграа одлична прва четвртина во која и тоа како се носеа со своите противнички, но потоа работите тргнаа во корист на Грција која на крајот заслужено славеше заслужена победа.
Најефикасна во нашата селекција беше Пишлевска со 10 поени, додека Начевска реализираше девет, додека Милосављевиќ овој натпревар го заврши со осум поени.
Нашата кадетска селекција на ова ЕП својот следен меч ќе го има во петок кога играме против соодветната селекција на Бугарија.