Во пресрет на утрешниот прв меч од плеј – офот во Лигата на Европа против Лудогорец, фудбалерите на Шкендија вечерва го одработија последниот тренинг на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.
Иако тетовци својата историја си ја испишаа, сепак тие посакуваат добар меч со Лудогорец, убедливо најдобриот клуб во Бугарија во последните 10-15 години.
Лоша вест за тренерот Јетон Беќири ќе биде отсуството на младиот напаѓач Фитон Адеми поради повреда, но се очекува сите останати кои ќе настапат на утрешниот меч, почеток од 20 часот, да го дадат својот максимум и да дојдат до што подобар резултат во пресрет на реваншот во Разград следниот четврток.