Алкалоид продолжи со победи на контролните натпревари

50
фото: RK Alkaloid (Facebook)

Ракометарите на Алкалоид остварија уште една победа во подготвителните натпревари. Вечерва на турнир во Словенија, екипата на Кире Лазров славеше над РД Слован од Љубљан со 31:30.

Словенечкиот првак водеше во поголемиот дел од средбата, на полувреме со 18-16, во вториот дел имаше и плус шест (22-16). Момците на Кирил Лазаров покажаа дека нема предавање и во вториот дел постојано ги притисткаа домашните, за на крајот да обезбедат победа.

Следниот противник за Алкалоид ќе биде Шкофја Лока, што ќе биде и последен тест за тимот на Лазаров.

ПретходноШрудер: Во Германија никогаш нема да ме ценат како Дирк затоа што сум црнец!
СледноЛЕ плеј -оф: Шкендија покажа како ТРЕБА против Бугарите! (ВИДЕО)