Прилеп 2025: Победи за домаќинот и младите надежи на Пелистер

54
фото: Рк Прилеп 2010 (Facebook)

Ракометарите на Прилеп и Е. Пелистер 2 стартуваа со победи на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ кој од денеска се одржува во Прилеп. Домашниот тим во дербито на вечерта славеше над скопски Бутел со 33:28, а претходно победа обезбедија и ракометарите на вториот тим на Е. Пелистер против Пролет со 27:16.

Прилеп и екипата на Е. Пелистер 2 покажаа дека расположени влегоа во првите дуели на турнирот и дека ќе бидат во трка за место во финалните дуели.

За утре на вториот ден од турнирот ќе се одиграат следните средби:

18.00 Црвена Звезда – Е. Пелистер 2

20.00 Прилеп – Тиквеш

ПретходноЛЕ плеј -оф: Шкендија покажа како ТРЕБА против Бугарите! (ВИДЕО)
СледноДончиќ немоќен против Јокиќ и другарите: Словенија „здробена“ на контролата во Белград