Синоќа во рамките на подоготкивте за ЕВРО баскетот кој што наскоро ќе стартува, репрезентацијата на Србија ја нагости Словенија на свој терен. Дуелот заврши со висока победа на Србија од 106:72, во меч во кој домаќинот и повеќе од доминираше.
Ја покажа силата, и најави атак на златото на претстојниот континентален самит.
Сепак, шоуто го украде малада Огнена, ќерката на Никола Јокиќ која што по завршувањето на мечот поита во прегратките на татко и. Тој пак, иако мега звезда како и обично се однесува сосема нормално, се поздрави со неговиот добар пријател Лука Дончиќ, уште една мега зведа, а малата Огнена која што наскоро ќе има четири години го „украде шоуто“ со поздравот со Лука Дончиќ, кој што веднаш стана вирален.