Орие и Тотенхем го раскинаа договорот

519

Foto> Twitter/Tottenham

Десниот бек Сер Орие и Тотенхем обострано го раскинаа договорот со што репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска е слободен играч и може да си бара нов клуб. 28-годишниот фудбалер побара од Тотенхем да го ослободат затоа што сака да ја смени средината, а од клубот му излегоа во пресрет.

„По четири години во Тотенхем време е за нов предизвик“, е коментарот на Орие.

Африканскиот фудбалер одигра 110 натпревари за Тотенхем. Орие е екс фудбалер на ПСЖ, Тулуз и Ленс, а кој ќе биде неговиот иден клуб не е познато. Меѓутоа со оглед на тоа дека е слободен фудбалер тогаш може да потпише и надвор од преодниот рок.

ПретходноБељерин по 10 години се врати во Шпанија, ќе ги брани боите на Бетис
СледноПредполноќна лудница на трансфер пазарот – падна системот во Шпанија