Англискиот напаѓач Адемола Лукман кариерата ќе ја продолжи во Англија. Лајпциг го објави закупот на 23-годишниот играч пред крајот на отворениот преоден рок вчера.
Лукман минатата сезона ја помина на позајмица во Фулам. Напаѓачот постигна четири гола на 35 настапи за тимот, даде четири асистенции и доби пет жолти картони.
Покрај Фулам и Лајпциг, Лукман играше за Евертон и Чарлтон. Фудбалерот играше и за младинските тимови на Англија во различни возрасни категории.
#LookWhosSigned 👀 pic.twitter.com/wqqAdJIWQH
— Leicester City (@LCFC) August 31, 2021