Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен.Утрово, по четири одиграни сета, Ѓоковиќ го совлада данскиот тенисер Холгер Руне со 3-1 (6:1, 6:7 (5), 6:2, 6:1) во меч кој траеше два часа и 16 минути.
Ѓоковиќ тотално доминираше во првиот сет и не дозволи никакви изненадувања на стартот. Сепак, вториот сет го започна многу лошо. Руне веднаш прави брејк и го потврдуи, па дојде до експресни 3:0.
Ѓоковиќ доцна се разбуди, па не успеа комплетно да се врати и му дозволи на Данецот да израмни освојувајќи го сетот во тај-брејк.
Третиот сет Ѓоковиќ го доби многу лесно со два брејка, а уште на почетокот на четвртиот сет, Ѓоковиќ направи брејк и дојде до предност која му гарантираше победа.
Во второто коло Србинот ќе игра против холандскиот тенисер Талон Грикспур, кој го изненади Јан Леонард Штруф на отворањето на последниот сезонски Грен Слем.