МВР со официјално соопштение за инцидентот во Штип: Уапсен родителот „тепач“ на мечот Брегалница – Шкупи

308

Министерстовото за внатрешни работи, излезе со официјална информација околу инцидентот на натпреварот помеѓу екипите на Брегалница и Шкупи одигран во Штип во рамките од македонската фудбалска лига за младински категории.

Како што веќе информиравме, денеска претпладнево, се случи тежок инцидент на еден од фудбалските терени во Штип, каде што ФК Брегалница ги игра мечевите од младинските категории како домаќин. Во еден момент од мечот против Шкупи, родител на еден од гостинските фудбалери влегол во теренот и физични нападнал играч од тимот на Брегалница. За информација се работи за деца родени 2009 година. Му нанел повреди по што морала да реагира брзата помош. Полицијата исто така реагирала бргу и го уапсила насилникот, а МВР по овој случај излезе со официјално соопштение.

„Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош, “ – се вели во соопштението на МВР.

ПретходноФаворитите со убедливи победи на почетокот од Младинската Супер лига
СледноЕвертон го совлада Брајтон, Кристал Палас со реми на домашен терен