Премиерлигашите потрошиле повеќе од 1 милијарда фунти

135

Клубовите од англиската Премиер лига потрошиле во летниот преоден рок повеќе од една милијарда фунти, но вкупната потрошувачка опаѓа, и тоа втора година по ред.

Преодниот рок заврши вчера, а премиерлигашите потрошија 1,1 милијарда фунти. Тој податок е помал за 11% од минатогодишниот, и пад за девет отсто во однос н 2019 година.

Манчестер Сити го донесе Џек Грилиш за 100 милиони фунти, а Челзи го донесе Лукаку за 97,5 милиони од Интер.

Манчестер Јунајтед го донесе Санчо за 73 милиони, и Варан за 34.

Голем трансфер направи и Влашиќ кој за 26,8 милиони фунти замина во Вест Хем.

Во последниот ден од преодниот рок биле потрошени 150 милиони фунти. Клубовите довеле 148 играчи, во споредба од минатата година кога беа 132, и 128 во 2019 година.

Сумата ќе беше значително поголема, ако Манчестер Сити го донесеше Хари Кејн за 100 милиони фунти.

ПретходноКосово добива големо засилување: Германскиот дрес го менува со косовскиот!
СледноЗејнулаи потпиша за Локомотива Загреб!